СВР Скопје поднесе кривична пријава против 42-годишната Ј.И. од Скопје поради основано сомневање дека претставувајќи се како адвокат и мамела граѓани дека ќе им го намали данокот на промет на куќа, а средствата што требало да ги уплати за данокот ги присвојувала.
Полициската станица Кочани поднесе кривична пријава против К.Л. (39) од село Облешево, Чешиново - Облешево, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Сектор за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против К.З.(61) од Струмица за сторено кривично дело „мачење животни“.
Засега непознато лице создало лажен Инстаграм профил на обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи, за МИА информираат од ова обвинителство.
32 годишниот Димитар Блажевски од скопската населба Бардовци е еден од убиените во вчерашниот обид за грабеж во менувачница во скопска Кисела Вода. Идентитетот на вториот разбојник до вчера не им бил познат на истражителите.
Сопственикот на менувачницата кој попладнево во самоодбрана уби двајца разбојници е пренесен во болница поради здобиени повреди, a потоа е одведен во полициска станица. Идентитетот на убиените засега не е познат.
Две непознати лица во обид да извршат разбојништво во менувачница во Кисела Вода попладнево биле убиени од сопственикот на менувачницата, 58-годишниот Г.А. од Скопје, потврди Министерството за внатрешни работи.
Очевидци кои минувале кај Чешма во Кисела Вода слушнале истрели, а на местото има силно полициско обезбедување и амбулантни возила.
Министерството за внатрешни работи во соработка со Управата за јавни приходи вчера извршило контрола во осум спортски обложувалници на подрачјето на СВР Скопје (два) и СВР Тетово (шест).
Во 33 угостителски објекти во Скопје, Тетово, Гевгелија и Кавадарци за време на викендот извршени се контроли од страна на полицијата, Управата за јавни приходи и Пазарниот и Трудовиот инспекторат.