Безживотно тело на македонски државјанин е пронајдено во изнајмен стан во Бујановац, Србија, потврдуваат од Вишото јавно обвинителство од Врање.
Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која рече дека смртта на старицата во полицијата била пријавена од струмичката болница.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 21 часот на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода М. И. (33) од Скопје, поради пријава според која во семејната куќа на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат неговиот татко Џ.И. (62), соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од СВР Охрид денеска (20.01.2023) по преземени мерки и активности во координација со ОЈО Охрид за расчистување на случајот со физички напад врз Х.П. (21) од Охрид, пријавен на 19.01.2023 околу 22.30 часот, ги приведоа С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид.
Меѓусебни недоразбирања, а не политиката била причината за тепачката во Охрид во која Христијан Пендиков (21) од Охрид, кој е член на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“, синоќа бил претепан од три лица.
Полициски службеници на СВР Тетово во текот на минатата година на поширокото тетовско подрачје вкупно санкционирале 505 возачи кои ги управувале нивните возила под дејство на алкохол или 37 повеќе во споредба со претходната година
Дваесет и едно годишниот Х.П. од Охрид синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј „Македонија“, соопшти утрово СВР Охрид
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи
На 19.01.2023 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Велес - ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода О.Б.(39) и А.М.(42), двајцата од Кавадарци, поради тоа што А.М. во близина на училиште во Кавадарци му продал хероин на О.Б.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 68 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол