Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Повредените се префрлени во возило на Брза помош за укажување на лекарска помош. Од Брзата помош за МИА информираат дека нивната медицинска екипа се уште не е вратена од терен.
Полициски службеници од СВР Тетово денеска (18 ноември), по претходно обезбедена судска наредба, извршија претрес во домот на 47-годишниот Џ.Н. во тетовско Слатино.
На патниот правец Макази – Маркова Нога, на С.Е.(69) од ресенското село Асамати му се слошило додека управувал патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки. Со возилото излетал од коловозот, по што починал.
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Ј.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 од Кривичниот законик
На 17.11.2022 во 11.20 часот на ул.„Христо Татарчев“ во населбата Кисела Вода – Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(23) од с.Кондово, скопско
Денеска Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против В.Ц.(44) од Кочани, поради постоење на основано сомнение дека од позиција на ВД претседател на тело основано од Владата на РСМ, во периодот од 2021 до 15.03.2022 година сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“
На Граничниот премин „Богородица“ вчера во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода З.Л.(33) од Чешка
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 167 возачи