Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
На бул.„Партизански одреди“ во Скопје денеска во 11.50 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М. од с.Горно Чичево, општина Градско, со живеалиште во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, како и овозможување на употреба на наркотични дроги според член 216 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик
Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17:00 часот на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, го лишиле од слобода 26-годишниот гостиварец З.С..
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 270 возачи
На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 40 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол
На 05.11.2022 во 19.00 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од ЕВР Чаир бил лишен од слобода В.Б.(43) од с.Агино Село, поради тоа што бил затекнат на извршување кривично дело „кражба“ во правен субјект, каде бил вработен.
На 05.11.2022 во 20.45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.К.(32) од Тетово
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои 24 санкции за управување под дејство на алкохол и 22 мерки за непочитување на брзината на движење