На 28.09.2022 од страна на полициски службеници од СВР Велес - ОВР Кавадарци во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, по преземени оперативни мерки и активности била лишена од слобода М.Б.(51) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по чл. 123 од Кривичниот законик
На 28.09.2022 во 22.15 часот на ул.„Живко Чинго“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 20.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците
На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров-Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ј.(42) од Скопје
Полициски службеници од Струмица вчера го привеле Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со амфетамин, соопшти МВР
На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл
Поведена е истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информира Основното јавно обвинителство – Битола.
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Б.(54) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување".
Дежурниот обвинител од Куманово усно е информиран за настанот, велат од Основно јавно обвинителство Куманово.
Како што информира ОЈО, осомничениот 71-годишник на 25 септември годинава, во својот дом во Битола, извршил други полови дејствија врз осумгодишно дете, кое го заклучил во станот.