М.Л. бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – Измама, додека другото лице е обвинето за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.
Вчера на улицата „Ќемал Сејфула“ во Скопје, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.(21) од селото Љуботен, скопско, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје
На подрачјето на Кисела Вода, вчера во 14.30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Кисела Вода го лишиле од слобода Б.А.(30) од Скопје
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, денеска во Струмица ги лишиле од слобода струмичаните Б.Х.(28) и М.Д.(33)
На 09.09.2022 во 16.45 часот на ул.„Ѓорѓи Димитров“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.И.(33) од Скопје
Дваесет и двегодишен кавадарчанец изутринава изгубил контрола над возилото што го управувал со кавадаречки регистарски ознаки и удрил во бетонска бандера, во кавадаречко Глишиќ, при што се здобил со лесни телесни повреди
На 09/10.09.2022 во периодот од 22.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Битола-ОКП Битола при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти, обиколка на школски дворови, паркови, паркинг простори, игралишта во Битола, затекнале малолетници кои се послужени со алкохолни пијалаци и кај кои било утврдено присуство на алкохол
Во текот на вчерашниот ден, од 18.00 до 00.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи