На 23.07.2022 во 23.30 часoт на место викано „Каменот“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода Д.М.(44) од Скопје
Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола односно Прилеп, Македонски Брод и Демир Хисар спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл
Пожарот што од пред два дена беснее на потегот во планските ридови помеѓу беровските селата Будинарци и Митрашинци е локализиран вчера попладне во 17 часот
На 22.07.2022 во 02:30 часот во СВР Скопје, 41 – годишна скопјанка пријавила дека, додека биле со нејзината малолетна ќерка во домот, го забележале соседот Д.И. како се самозадоволува до нивниот прозор.
Увид извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
На 22.07.2022 во 13:40 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола со тешка телесна повреда бил донесен Љ.Д.(44) од Битола.
Имено, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против М.Р.(25), С.Р.(28) и Ш.Р.(19), сите од село Студеничани, скопско.
На 22.07.2022 година во 07.24 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар на скутер на плажа на Охридското крајбрежје во кој нема повредени лица.
Иако, депонијата од градот Штип е оддалечена над десеттина километри, сепак граѓаните можат да го видат црниот чад, но и да чувствуваат смрдеа