Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 118 возачи
Полицијата на територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изрекла вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет за минување на затворен сигнал – црвено светло
На 24.06.2022 во 15.00 часот во Полициска станица Куманово, 41-годишна кумановка пријавила дека С.М. од Куманово ја бакнувал и допирал по телото нејзината малолетна ќерка.
На 24.06.2022 во 07.50 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека на подрачјето на Карпош, на пешачкиот мост во нас.Злокуќани, едно лице со употреба на сила ѝ ја одзело чантата на Н.Ј.(18) од Скопје, во која имало пари, лични документи и мобилен телефон.
На 24.06.2022 во 23.00 часот во Полициска станица Битола, битолчанка пријавила дека околу 18.00 часот на патот Битола—с.Бистрица, битолско, била физички нападната од А.К. од Битола, со кого претходно била во љубовна врска.
На 24.06.2022 во 18.25 часот во Полициска станица Битола Б.С.(39) од Битола пријавила дека околу 03.30 часот во угостителски објект во Битола била физички нападната од А.Н.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.06.2022 на својот профил на социјална мрежа, пријавениот постирал текст со заканувачка содржина кон одговорните и вработени лица во компанија. Набргу потоа, со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.
На 24.06.2022 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.С.(59) од селото Требеништа, општина Дебарца.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.