На 08.06.2022 околу 08.20 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 28-годишниот тетовец Џ.И. за издржување на затворска казна
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи
Во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 39 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 16 санкции за возење без возачка дозвола, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти Министерството за внатрешни работи
Денеска во периодот од 09.00 до 13.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои првиот е осомничен за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“
На 07.06.2022 во Сојузна Република Германија од слобода е лишен В.К.(31), македонски државјанин, кој беше баран со меѓународна потерница, а е осуден на пет години казна затвор за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, сторено во 2013 година
На 07.06.2022 во 17.45 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Т.М.(26) од с.Кондово, скопско, затоа што се обидел илегално да ја напушти државата и да премине во Република Косово
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи
Полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, кај место викано „Табла“ кај село Богородица денеска ги лишиле од слобода А.З.(24) и Ј.С. двајцата од село Копачин Дол, тетовско во чие товарно возило биле пронајдени 40 мигранти
Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект во Битола и против А.Д. (24) од Битола, вработена во објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на дете”