Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, утрово извршија увид на лице место на опожарен објект – центар за култура „Ванчо Михајлов“
Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со Државен инспекторат за животна средина до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против: О.Т.(44) , правно лице од Кочани и Н.Н.(22) од Кочани во својство на одговорно лице во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Загрозување на животната средина со отпад“
Во текот на изминатата вечер 03/04.06.2022 во периодот од 21.00 до 03.00 часот на територија на Република Македонија спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
Во текот на изминатата вечер 03/04.06.2022 во периодот од 21.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 22 возачи
Во текот на изминатата вечер (03/04.06.2022) во периодот од 21:00 до 03:00 часот на територија на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се констатирани и законски санкционирани 26 возачи
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изрече вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, за возење без возачка дозвола 15 мерки и 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл
Полицијата на Косово запрела денеска во селото Долно Рамјане кај Витина, во близина на границата со Македонија, возило комби со локални регистарски таблички, во кое пронашла и запленила околу 800 килограми тутун, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пешак е повреден попладнево во сообраќајна несреќа на булеварот „Никола Карев“ познат како улица „Пластичарска”.
На 02.06.2022 во Виница, полициски службеници на СВР Штип – Полициска станица Виница ги лишиле од слобода Д.С.(34) од Крива Паланка, С.Т.(22) од Зрновци, кочанско и Б.И.(37) од с.Грдовци, кочанско
Во периодот 02/03.06.2022 на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода четири лица, бидејќи кај нив била пронајдена дрога