- Тоа треба да предизвика загриженост не само кај соседите на Русија и Иран, но и кај другите земји во светот, изјави на брифингот за новинарите Ведант Патер, претставник на Стејт департментот.
Парламентот на Шкотска го потврди Хумза Јусаф за нов прв министер , еден ден откако тој беше избран за лидер на Шкотската национална партија (СНП).
Околу 828.000 работници останаа без работа по серијата земјотреси што во февруари ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија, објави денеска Меѓународната организација на трудот (ИЛО).
Триесет и девет лица загинаа, а 29 се повредени во пожар во центар за задржување мигранти во северно Мексико, во близина на границата со САД, изјави неименуван претставник на Националниот институт за имиграција
Британската разузнавачка служба МИ5 го подигна нивото на закана од домашен тероризам во Северна Ирска на „сериозно“, што значи дека напад е многу веројатен
Германската влада планира значително зголемување на воената помош за Украина. За таа цел, буџетската комисија на утрешната седница сака да одобри дополнителни средства во износ од 12 милијарди евра, објави „Франкфуртер рундшау“
Земјите-членки на ЕУ денеска ја потврдија регулативата која предвидува забрана за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, со исклучок на возилата што ќе користат синтетички, т.н. е-горива
Американскиот претседател Џо Бајден планира во наредните месеци да го прими во посета израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, објави денеска „Њујорк тајмс“
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска во доцните попладневни часови по локално време ја потресе северна Јапонија, соопшти националната Mетеоролошка агенција
Швајцарскиот прехранбен гигант Нестле ќе ги преиспита своите односи со банките по преземањето на Кредит Свис од страна на конкурентската УБС, изјави денеска извршниот директор Марк Шнајдер