Британско-иранската државјанка Назанин Загари-Ретклиф, која по пет години минати во ирански затвор заради наводна шпионажа, денеска е ослободена и може повторно да му се придружи на нејзиното семејство, изјави нејзиниот адвокат Хоџат Кермани, јави ДПА
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска изведе воздушни напади врз главниот град на Јемен, Сана, и потврди дека соборила неколку вооружени беспилотни летала испратени од бунтовниците Хути кон цели во Саудиска Арабија, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на сведоци и жители на Сана
Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека државата е подготвена да почне со исполнување на одредбите од Нуклеарниот договор од 2015 година откако САД ќе ги укинат економските санкции кон Техеран
Властите на француската прекуморска територија Нова Каледонија воведоа карантин, кој ќе трае најмалку две недели, откако денеска беа потврдени првите девет лица инфицирани со Ковид-19 од почетокот на пандемијата
Научниците од американската сојузна држава Орегон открија нов високозаразен сој на Ковид-19, што првично се појави во Велика Британија
Папата Франциск во ирачкиот град Мосул упати апел до христијаните во Ирак да ги опростат неправдите нанесени од исламските екстремисти и да продолжат да ја обновуваат земјата по долгогодишните меѓуверски судири
Претседателот на Парагвај, Марио Абдо Бенитез смени три министри поради насилните протести, што се избија поради начинот на кој Владата се справува со пандемијата во Ковид-19
Полицијата во поранешниот древен главен град на Мјанмар, Баган отврои оган врз демонстрантите кои протетсираа поради воениот удар
Кинескиот извоз во првите два месеца од годинава е зголемен за 60,6 отсто во споредба со истиот период минатата година извозот е зголемен откако фабриките почнаа да работат, а светот полека се отвора по пандемијата со Ковид-19
Нејџел Фараж, лидерот на популистичката партија за Реформи на Обединетото Кралство (Reform UK), ребрендираната Партија Брегзит, што ја формираше пред две години, синоќа најави дека се повлекува од партиската функција