Претседателот на САД, Џо Бајден би можел да има увид во најмалку 10 разговорите што ги водеше неговиот претходник Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во изминатите четири години, објави Политико
Британската разузнавачка служба „МИ6“ почна да регрутира британски државјани родени надвор од нејзината територија. На овој начин, оваа безбедносна служба ќе се обдие да обезбеди разновидност, пренесува „Тајмс“, повикувајќи се на извор од владата
Европската унија го пролонгира предвидениот датум за вакцинација против Ковид-19 за три месеци, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
Приходите на социјалната мрежа Твитер во 2020 година се зголемија за седум проценти во споредба со претходната година, достигнувајќи 3,72 милијарди долари
Независните полски медиуми денеска се појавија со црни насловни страници на протестот „Медиумите немаат избор“ и не известуваат поради новиот данок на реклами воведен од полската Влада
Американската управа за храна и лекови (ФДА) одобри итна употреба на комбинирана терапија со антитела од страна на фармацевтската компанија Ели Лили во борбата против Ковид-19, соопштија претставници на компанијата
Шефот на Слободарската партија на Австрија (ФПО) во провинцијата Тирол, Маркус Абверцгер ги критикуваше новите мерки што ги усвои австриската Влада во врска со оваа покраина и побара Тирол да воведе забрана за влез на канцеларот Себастијан Курц
Загадувањето на воздухот предизвикано од согорување на фосилни горива е причината за 8,7 милиони смртни случаи во 2018 година во светот, што е всушност секој петти жител починат, покажува новото истражување во соработка со Харвард и универзитетите во Бирмингем, Лестер и Лондон
Петмина пациенти се поврдени во болница во Бафало, во американската сојузна држава Минесота, кога во неа отворил оган лице кое било незадоволно од медицинскиот третман што му го пружал персоналот на клиниката, јави „Гласот на Америка“
Западот сака да ја претвори Русија во „послушна“ и пријатна територија за остварување на сопствените интереси и тие напори ќе се зајакнуваат уште повеќе, изјави во своето обраќање рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по повод Денот на дипломатијата