И покрај бројните бариери и огради на улиците околу американскиот Капитолот, многумина се обидоа да пристигнат на инаугурацијата на Џо Бајден денеска во престолнината на САД и подоцнежната парада.
По церемонијата на полагање венец на Гробот на незнајниот војник на Националните гробишта Арлингтон, американскиот претседател Џо Бајден вечерва пешки дојде до Белата куќа, минувајќи низ главните, добро обезбедени, улици на Вашингтон, каде на неколку пункта имаше и граѓани.
Американската компанија Амазон понудила помош во напорите на американската администрација да се изведе масовна вакцинација низ САД, се наведува во нејзиното писмо до претседателот Џо Бајден.
По денешната инаугурација во Вашингтон, политички и верски лидери од целиот свет и странски политичари испратија честитки до 46-от претседател на САД, Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.
Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, заедно со неговите претходници Џорџ Буш помладиот, Бил Клинтон и Барак Обама, со сопругите Лора, Хилари и Мишел, на Националните гробишта во Арлингтон положија венци на Гробот на непознатиот војник, јави Си-Ен-Ен.
Хантер Бајден, синот на новиот американски претседател Џо Бајден, присуствуваше денеска на церемонијата за инаугурација, и покрај сојузната истрага која се води против него поради сомнителни трансакции во странство.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика денеска новиот претседател на САД, Џо Бајден да го „зајакнат сојузништвото“, со цел да се соочат со „заедничките предизвици, како што е заканата од Иран.
Британската кралица Елизабета Втора му испрати приватна порака на американскиот претседател Џо Бајден, пред неговата претседателска заклетва, соопшти Бакингемската палата, пренесуваат американските медиуми.
Сопругот на американската потпретседателка Камала Харис, Даг Емхоф денеска официјално стана Втор господин, првпат во историјата на САД.
Се молам на Бога да ги насочиш своите напори за помирувањето во САД и во светот, порача денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во честитката до американскиот претседател Џо Бајден, кој пред неполни два часа беше инаугуриран на највлијателната позиција во светот.