Ликот на младата шведска активистка за климата, Грета Тунберг се најде на нова поштенска марка во нејзината родна Шведска. Таа е во продажба од денеска
Најпознатиот руски дисидент, опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, се наоѓа на списокот на лицата кои ги прекршиле условите за условна казна и доколку викендов се врати во Русија може да се соочи со затворска казна од 3,5 години, изјави денеска Вадим Кобзев, еден од неговите адвокати
Демонстрантите во Брисел синоќа запалија полициска станица и возило за време на протестите поради смртта на 23-годишниот Ибрахим Бари од африканско потекло, кој почина откако беше приведен од полицијата
Германија во изминатите 24 часа го забележа најголемиот број на смртни случаи од коронавирус, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“, наведувајќи дека до полноќ биле потврдени уште 1.244 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата од почетокот на пандемијата изнесува 43.881
Повеќе од 3.000 Рохинџа муслимани останаа без засолништа откако избувна пожар во еден од бегалските кампови во јужен Бангладеш, изјави денеска официјален претставник, јави ДПА
Најмалку 24 луѓе починаа откако конзумирале токсичен алкохол во индиската сојузна држава Мадја Прадеш
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, најави дека сака да им изрече казни до 10.000 американски долари на пратениците кои ќе одбијат да минат низ скенер за оружје на влезот во Домот, поради немирите што се случија на 6 јануари кога приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот
Апликацијата за испраќање пораки Сигнал забележа драстичен пораст на бројот на корисници откако апликацијата ВацАп ги смени правилата
Лица кои прележале Ковид-19 имаат пет месеци поголема заштита од реинфекција отколку лица кои само ја примиле вакцината на Оксфорд/ АстраЗенека, а истото важи и за вакцината на „Фајзер“, соопшти англиската Национална јавна здравствена служба
Во изминатите 24 часа во Италија регистрирани се 507 смртни случаи од последици од Ковид-19, и 15.000 новозаразени луѓе