Според извори од украинската разузнавачка служба, Русија се подготвува за значајна офанзива во Украина, префрлајќи трупи кон клучни позиции на боиштето.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжува да врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин за да учествува на предложените разговори во Турција.
Имаме основа за „многу, многу стабилен договор со Кина“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп неколку часа пред укинувањето на најголемиот дел од царините кои двете страни си ги наметнаа меѓусебно.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа изјави дека војната мора да заврши и оти Украина мора да биде во најдобра можна позиција за да отпочне преговори.
- Мора да седнеме на масата за да преговараме за крај на оваа војна. Ако не седнеме на масата, тогаш нема да има крај на оваа војна, додава американскиот дипломат
Руската делегација ќе ги чека украинските претставници во Истанбул, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за телевизијата „Росија 1“.
Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија за повеќе од трипати од првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи мноштво нови проекти објавени откако тој се врати во Белата куќа во јануари, покажа денеска анализа на Си-Ен-Ен.
Саудиска компанија ќе инвестира дваесет милијарди долари за изградба на инфраструктура поврзана со вештачка интелигенција во САД, објави денеска Белата куќа, додека претседателот Доналд Трамп е во Ријад како дел од неговата турнеја на Блискиот Исток.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека државниот секретар Марко Рубио ќе учествува во разговорите за војната во Украина оваа недела во Турција, изразувајќи оптимизам за исходот.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека осум федерални агенции ќе ги откажат грантовите наменети за Универзитетот Харвард во вредност од 450 милиони долари.