Светската здравствена организација (СЗО) синоќа упати застрашувачко предупредување кон младите луѓе низ светот, укажувајќи им дека коронавирусот може да го влоши здравјето и да убива и млади луѓе и дека тие треба да избегнуваат да се собираат и потоа да го пренесуваат на повозрасните и поранливите категории луѓе, јавија агенциите
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 270.069 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 11.271, а оздравеле 90.603 лица.
Состојбата во Италија, европскиот епицентар на пандемија на коронавирусот, и натаму е критична. За помалку од еден месец оваа земја од првиот откриен заразен дојде до 35.000 заразени и над 3.000 смртни случаи. Според последните податоци, само пред три дена починаа 496 луѓе.
Коалицијата предводена од САД ги прекинува обуките на ирачките безбедносни сили заради ширењето на новиот коронавирус и ги повлекува своите трупи од помалите бази во арапската држава, соопшти штабот на коалицијата.
Светската здравствена организација нагласува дека коронавирусот најтешко ја погодува постарата популација, но предупреди дека младите можат да бидат заболени од таа заразна болест.
Вонредна состојба е прогласена денеска во Бразил поради пандемијата со новиот коронавирус.
Границата меѓу САД и Мексико ќе се затвори за сите несуштински патувања, како што беше случајот меѓу САД и Канада, како дел од борбата против ширењето на коронавирусот, објави Вашингтон.
Белата куќа денеска го одржа редовниот прес брифинг со координаторите на кризниот штаб задолжен за справување со ширењето на коронавирусот во САД.
Државата Њујорк, по примерот на Калифорнија, им нареди на речиси сите нејзини жители да останат дома во обид да се спречи алармантниот пораст на бројот на заразени со новиот коронавирус.