Околу 80.000 државјани на Европска Унија се надвор од територијата на Унијата и чекаат да се вратат дома откако е воведено привременото ограничување за влез поради пандемијата со новиот корнавирус, изјави синоќа портпаролот на Европска комисија, Петер Стано
Абортусот на Нов Зеланд во иднина ќе се третира како прашање на здравјето, а не како кривично длео, и тоа е дел од големите законски промени кои конечно ќе се воведат во земјата, по повеќе од четиридецениска дебата
Маурициус ги потврди првите три случи на коронавирус, соопшти денеска владата на оваа островска земја во Индиски океан
Француските здравствени власти соопштија денеска дека 89 лица починале од Ковид-19, втор ден откако се воведени сериозни ограничувања за движење.
Ниту еден предизвик не бара таква солидарност од Германците по крајот на Втората светска војна (1939-1945) како сегашната пандемија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави денеска дека Турција ќе одложи плаќања за кредити и ќе намали даноци во различни сектори согласно пакет економски мерки за подршка вредни 14 милијарди евра.
Италијанските власти вечерва објавија дека уште 475 лица починале од новиот коронавирус од вторникот, а податоците од новата студија што ја објавија покажуваат дека повеќе од 99 проценти од жртвите страдале од претходна болест.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, го нарече новиот коронавирус „непријател на човештвото“, откако повеќе од 8.000 луѓе починаа во светот од неговата појава во декември.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 215.519 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 8.892, а оздравеле 84.328 луѓе.
Поранешниот потпретседател Џо Бајден извојува убедлива победа на примарните избори за номинација претседателски кандидат од демократите во сојузните држави Флорида, Аризона и Илиноис.