Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави денеска дека Турција ќе одложи плаќања за кредити и ќе намали даноци во различни сектори согласно пакет економски мерки за подршка вредни 14 милијарди евра.
На прес конференција, откако за 24 часа бројот на заразени со новиот коронавирус двојно се зголеми, Ердоган ги повика банките да не ограничуваат кредити, и компаниите да не намалуваат работни места.
Тој најави и поддршка за авиокомпанијата Туркиш ерлајнс.