Абортусот на Нов Зеланд во иднина ќе се третира како прашање на здравјето, а не како кривично длео, и тоа е дел од големите законски промени кои конечно ќе се воведат во земјата, по повеќе од четиридецениска дебата.

Парламентот ја усвои реформата со 68 гласови „за“ и 51 „против“.

Законодавците предлагаат да се изнмени зкаонот од 1977 година и жените да можатт да ја прекинуваат бременоста до својата 20 недела од бременоста, во согласност од својот лекар.

По дваесетата недела бремената жена ќе мора да се тестира и да добие согласност од двајца лекари дали одлуката за прекин на бременоста е навистина потребна.

Според стариот закон, абортусот на Нов Зеланд беше третиран како кривично дело, а жените можеа да ја прекинат бременоста сако доколку двајца лекари се согласеа дека таа може да го загрози нејзиното ментално или психичко здравје.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2020 10:11