Лидерот на италијанската опозиција, десничарот Матео Салвини денеска ги повика сенаторите да му го укинат имунитетот за да може да му биде судено поради тоа што како министер за внатрешни работи со денови не дозволуваше симнување на мигрантите од спасувачкиот брод.
Норвешката Влада е доведена во опасност откако денеска од владејачката коалиција се повлече десничарската Напредна партија откако беше дозволено во земјата да се врати од Сирија поддржувачка на терористичката „Исламска држава“.
Комисиите на Европарламентот во Брисел усвојуваат заклучоци и предлог мислења за Брегзит. Конечното гласање на ЕП за Договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ е планирано за пленарна седница на 29 јануари.
Францускиот министер за надворешни работи, Жан Ив Ле Дриан, по завршувањето на министерскиот совет за надворешни работи на ЕУ, денеска изрази задоволство што ЕУ успеа да покаже единство на планот на надворешната политика, посебно за кризата во Либија.
Албанскиот премиер Еди Рама, во својство на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа,ОБСЕ, денеска престојува во посета на Киев, Украина.
Сундар Пичаи, извршниот директор на Гугл и Алфабет од Брисел денеска порача дека е потребна глобална регулација на вештачката интелигенција.
Претседателот на Горниот дом на чешкиот Парламент, Јарослав Кубера денеска почина на 72 години, соопшти неговата канцеларија.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи разрешување на јавниот обвинител Јуриј Чајка и го именуваше заменик шефот на Истражниот комитет Игор Краснов за кандидат на таа функција, соопшти денеска прес службата на Кремљ.
Потпретседателката на Европска Комисија Дубравка Шуица денеска предложи Конференцијата за иднината на Европа да почне во Дубровник на 9 мај.
Британските конзервативци објавија дека владата размислува да го премести Домот на лордовите – Горниот дом на британскиот Парламент – надвор од Лондон. Целта е повторно воспоставување на врските со гласачите, јави ДПА.