По изборите во ноември, шпанските пратеници денеска се вратија во Парламентот, но и понатаму нема јасни знаци дека наскоро ќе биде формирана нова влада и ќе бидат избегнати нови избори
Кина има намера и разработува план, според којшто до 2025 година, една четвртина од продадените автомобили во земјата, ќе бидат електромобили, соопшти Министерството за индустрија
Семејството Елкан-Ањели, сопственик на британски „Економист“, ја купува издавачката група ГЕДИ, која ги вклучува Ла Република и Ла Стампа во Италија
Кога францускиот лекар Кристијан Шенај го прими својот прв пациент во 1951 година, пеницилин беше најсовремениот лек
Во десетина градови во Венецуела повторно нема струја, со што се засегнати околу два милиона луѓе
НАТО служи на голема цел, изјави американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Лондон пред почетокот на Самитот на Северноатлантската алијанса
Сиднеј одново е под густа магла заради чадот од реонот на шумските пожари. Според оделот за заштита на животната средина во државата Нов Јужен Велс воздухот во градот е трипати позагаден отколку во изминатите пет години
Премиерот на Малта, Џозеф Мускат денеска беше спречен да го напушти Парламентот поради демонстрантите кои бараат негова итна оставка
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Чиле, соопшти Американскиот геолошки центар
Доминиканецот Сесар Емилио Перлата е уапсен во Колумбија. Тој го добил прекарот „крал на кокаинот“ бидејќи наводно е одговорен за шверцување на еден тон дрога од Карибите во САД и во Европа