Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 230.047 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 9.386, а оздравеле 86.256 лица.
Плејбој, едно од најпознатите списанија во светот, нема да излегува во печатена верзија. Пролетното издание, што во трафиките ќе излезе за една недела, ќе биде последното во 2020 година, можеби и последно печатено издание воопшто.
Африка веројатно ќе се соочи со зголемување на бројот на заразени лица во наредните недели соопшти Африканскиот центар за контрола на болести
Аеродромите во Москва во изминатите 24 часа примиле седум дојави за поставени бомби, јави ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор од безбедносните служби
Научниот тим на Европската Комисија излезе со првиот сет препораки за јавното здравје и за тестирање за коронавирусот
Барањата за бенефиции на отпуштените од работа во Соединетите Американски Држави поради ширењето на пандемијата на коронавирусот се зголемени, особено за работниците во хотелиерството и угостителската индустрија, соопшти Министерството за труд
Јужна Кореја, Кина и Сингапур се меѓу азиските земји кои се соочуваат со втор бран на новиот коронавирус, поттикнат од луѓето што од странство влегуваат во тие земји, јави Би Би Си
Последните податоци од Европа и САД покажуваат дека младите, полнолетни лица, не се толку отпорни на новиот тип на коронавирус, како што првично се мислеше.
Британските супермаркети очекуваат да ги обезбедува полицијата, со цел да ги одвратат потрошувачите од непристојно однесување, доколку дојде до ситуација Лондон да биде во карантин поради ширењето на новиот вирус – Ковид 19
ЕУ предупреди дека со појавата на пандемијата на Ковид-19 дошло до зголемување на понудата на „лажни производи“ кои се продаваат на Интернет, а кои наводно служат за спречување на ширењето или лекување на коронавирусот