Аеродромите во Москва во изминатите 24 часа примиле седум дојави за поставени бомби, јави ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор од безбедносните служби.

Според истиот извор ова е рекорден број на закани со бомба кои ги добиле аеродромите за само еден ден. За сите се утврдило дека се лажни..

Според него,, аеродромот Москва – Домодедово примил анонимен имејл, во кој се посочува дека во авион со 177 патници е поставена бомба.

Претходно денеска, меѓународниот аеродром Александар Пушким Москва – Шереметиево примил две закани со бомба за летови од Казан до Москва и од Москва до Уфе.

Сите авиони безбедно слетале и во нив не се пронајдени експлозивни направи.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2020 15:57