Барањата за бенефиции на отпуштените од работа во Соединетите Американски Држави поради ширењето на пандемијата на коронавирусот се зголемени, особено за работниците во хотелиерството и угостителската индустрија, соопшти Министерството за труд.

За една недела, заклучно со 14 март, првичниот број на невработени се искачи од 70.000 на 281.000, што е највисоко ниво од септември 2017 година.

Како што пренесуваат светските агенции, економистите очекуваа да дојде до тоа, но, сепак, тоа беше многу повеќе од нивната прогноза.

„Зголемувањето на невработеноста е јасна последица на ефектите од вирусот Ковид -19“, соопшти Министерството за труд, додавајќи дека „многу држави пријавуваат зголемување на бројот на технолошки вишок во секторот на услуги, особено во хотелиерството и угостителството, како и во транспортот и магацинската дејност.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2020 15:23