Во Италија во изминатите 24 часа починаа 49 лица од новиот коронавирус. Во таа држава досега се регистрирани вкупно 197 жртви од тој вирус, соопшти италијанската Цивилна заштита.
Загриженоста на јавноста расте поради ширењето на новиот коронавирус и бројот на смртни случаи кои достигнаа 3.400, но фаталните последици од вирусот Ковид-19 се незначителни во споредба со последиците од срцеви заболувања, рак, сообраќајни несреќи, самоубиство…
Министерот за животна средина на Велика Британија Џорџ Јустис, рече дека супермаркетите го увериле дека имаат план да се спречат евентуален недостиг од храна поради новиот коронавирус.
Европол ја поддржа операцијата против незаконската „онлајн“ и „офлајн“ трговија со злоупотребени и фалсификувани лекови.
Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на вонредниот состанок на Советот на ЕУ во Загреб, најави дека набрзо ќе ја посети Русија.
Два нови смртни случаи и 157 нови потврдени случаи на заболени од новиот коронавирус во Франција, јави дописникот на МИА.
Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот надмина цифра денеска од 100.000 луѓе. Од епидемијата починаа повеќе од 3.400, а вирусот се прошири во повеќе од 90 држави.
Градоначалници на седум германски градови потпишаа апел до германската Влада барајќи можност за прифаќање малолетни мигранти сместени во Грција.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша денеска законски акт за издвојување 8,3 милијарди долари за борба против новиот коронавирус.
Прв случај на лице инфицирано со новиот коронавирус е регистриран во Перу, потврди претседателот Мартин Вискара.