Министерот за животна средина на Велика Британија Џорџ Јустис, рече дека супермаркетите го увериле дека имаат план да се спречат евентуален недостиг од храна поради новиот коронавирус.

-Добавувачите исто така ме уверија дека имаат доволно стока во магацините и дека имаат план за клиентите да имаат се што им е потребно, рече министерот.

Добавувачите го следат синџирот на снабдување, истакна Јустис, додавајќи дека ќе се направат напори да се обезбеди снабдувањето да се одвива непречено.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2020 19:46