Во Италија во изминатите 24 часа починаа 49 лица од новиот коронавирус. Во таа држава досега се регистрирани вкупно 197 жртви од тој вирус, соопшти италијанската Цивилна заштита.

Италија, по Кина, е најпогодена држава по број на смртни случаи од вирусната пневмонија и четврта по број на заразени по Кина, Јужна Кореја и Иран.

Повеќе од 100.000 луѓе се заразени од Ковид-19 ширум светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2020 22:07