Рускиот претседател Владимир Путин предложи разрешување на јавниот обвинител Јуриј Чајка и го именуваше заменик шефот на Истражниот комитет Игор Краснов за кандидат на таа функција, соопшти денеска прес службата на Кремљ.
Потпретседателката на Европска Комисија Дубравка Шуица денеска предложи Конференцијата за иднината на Европа да почне во Дубровник на 9 мај.
Британските конзервативци објавија дека владата размислува да го премести Домот на лордовите – Горниот дом на британскиот Парламент – надвор од Лондон. Целта е повторно воспоставување на врските со гласачите, јави ДПА.
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека Пекинг ќе го спречи ширењето на епидемијата на воспаление на белите дробови предизвикано од коронавирусот
Преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за идните односи нема да можат да почнат пред крајот на февруари, односно почетокот на март, потврди Европската комисија
Европската Комисија денеска го усвои својот годишен буџет за хуманитарна помош во износ од 900 милиони евра за оваа година
Кинеската комисија за развој и реформи најави дека до 2025 година ќе воспостави систем за производство, дистрибуција, потрошувачка, рециклирање и складирање на пластичните производи
Пред Вишиот суд во германскиот град Кобленц денеска почна судењето против поранешен преведувач во Бундесвер од авганистанско потекло по обвинение дека шпионирал во корист на иранската разузнавачка служба. За помагање обвинета е и неговата сопруга
Руските опозициски партии денеска најавија голем протест на 29 февруари околу предлогот на претседателот Владимир Путин за уставни измени, за кои тие веруваат дека го отвораат патот за неговото доживотно владеење
Откако одби да соработува во истрагата за отповикување што ја предводеше Демократската партија во Претставничкиот дом, американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја изнесе својата прва сеопфатна одбрана, пред почетокот на постапката за негов импичмент во Сенатот