Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска го бранеше нуклеарниот договор со Иран и го предупреди иранскиот претседател Хасан Рохани да не презема какви било „повратни дејства“.
Групата држави против корупцијата (Греко) на Советот на Европа во денеска објавениот извештај нагласуваат дека во Франција опстојуваат „сиви зони“ во борбата против корупцијата и го повикаа Париз да направи повеќе напори за спречување на корупцијата во рамките на извршната власт, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Британските пратеници денеска треба да го одобрат законот кој ќе овозможи излез на земјата од ЕУ на 31 јануари, со што ќе заврши тригодишното надмудрување околу условите за Брегзит.
Меѓународната коалиција за борба против Исламска држава, која е предводена од САД, денеска соопшти дека ги суспендира сите воени активности во Ирак за да се фокусира врз заштитата на својот персонал, јави ДПА
Стотици демонстранти во Абхазија денеска ја опколија канцеларијата на претседателот Раул Хаџимба, барајќи негова оставка
Новата шпанска коалициска Влада соопшти дека ќе има пет члена на левичарската партија Обединети можеме
Британскиот премиер Борис Џонсон е „еден од најхрабрите европски политичари“, а ЕУ треба да се стреми кон силни стратешки односи со Британија откако земјата ќе го напушти блокот, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан
За САД, убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани е чин на самоодбрана, и ако треба земјата ќе презеде дополнителни мерки за заштита на американскиот персонал и интереси, се вели во писмото што амбасадорката на САД во ОН, Кели Крафт, го испратено синоќа до Советот за безбедност
Иранскиот претседател Хасан Рохани во телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон го повика Лондон да не го следи курсот на САД и да го смени својот став во однос на смртта на генералот Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски ракетен напад во Багдад, пренесе Тасс, повикувајќи се на соопштение на иранското претседателство
Шпанскиот Врховен суд одби да го ослободи Ориол Жункерас, кој во октомври минатата година е осуден на 13 години затвор поради организирање забранет референдум за независност на Каталонија, без разлика на фактот што тој има статус на пратеник во Европскиот парламент