Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ниту еден американски војник не е повреден во иранскиот напад врз двете американски бази во Ирак.Тој на прес-конференција изјави дека во нападите има направени минимални штети.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД веднаш ќе воведат нови санкции против Иран, и тие ќе траат се додека таа држава „не го смени своето однесување“.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антониот Гутереш денеска побара дополнителни напори за да се спречи војната во Персискиот залив, јавија светските агенции.
Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи денеска дека нацијата треба да биде „благодарна“ што ниту еден Американец не бил повреден во иранските ракетни напади врз две воени бази во Ирак.
Данска привремено ќе ги прераспореди своите повеќе од 130 војници од Ирак во соседен Кувајт од безбедносни причини, изјави данскиот премиер Мет Фредериксен, јави ДПА.
За првпат во Франција поранешен претседтаел ќе биде изведен пред суд за корупција, во дело против Никола Саркози за афера откриена со телефонско прислушкување.
Претседателите на Русија и на Турција повикаа за прекин на огнот во Либија од 12 јануари на полноќ. Тоа го изјави денеска на брифинг турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по средба во рускиот минстер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Кувајтската Влада соопшти денеска дека државната агенција Куна била хакирана и поради тоа бил објавен неточен извештај дека американските сили во Кувајт ќе се повлечат.
Иранскиот напад кој синоќа е извршен врз две американски бази во Ирак ја означува кулминацијата на тензиите кои постојано растат веќе две години, односно од американското повлекување од нуклеарниот договор.
Откако САД во петокот го убија иранскиот генерал Касим Сулејмани во Багдад, ирачкиот Парламент два дена подоцна изгласа резолуција со која бара повлекување на сите странски трупи од нејзина територија.