Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денеска го распушти парламентот и закажа предвремени парламентарни избори за 9 февруари 2020 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази уверување дека ќе побди во борбата со конгресмените кои му почнаа процедура за пишување формално обвинение против него.
Северна Кореја се заканува дека ќе продолжи со навреди кон американскиот претседател Доналд Трамп и ќе го смета за „сенилен старец“ доколку продолжи да користи зборови кои ја провоцираат земјата.
Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, даде изјава денеска околу истрагата за отповикување на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во САД денеска е покренато обвинение против двајца Руси во врска со завера за илегално стекнување пари и имот, преку инсталирање софтвери со вируси на ралични компјутери.
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изрази надеж дека лидерот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин нема да победи на претстојните избори на 12 декември.
Американскиот унилатерализам им се заканува на државите од НАТО, а Кина е мирољубува сила, соопшти денеска кинеската Влада, откако Алијансата вчера, во својата завршна декларација од самитот во Лондон, за првпат официјален Пекинг го посочи како „предизвик“ за воениот сојуз, пренесоа француските медиуми.
Иран денеска оцени дека писмото на трите европски членки на Советот за безбедност на ОН ја покажува нивната „жалосна неспособност“ да ги исполнат обврските од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година.
Израелските власти ја поздравија одлуката на францускиот Парламент за усвојување на резолуција за антисемитизмот која го дефинира антиционизмот како еден вид омраза кон Евреите.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска го отфрли извештајот за презентирање на случајот за отповикувањето на американскиот претсетдател Доналд Трамп со изјавата: Eдноставно сè е погрешно.