Белорускиот претседател Александар Лукашенко нагласи денеска дека Белорусија никогаш нема да влезе во составот на која било држава, дури и на Русија
Ајфеловата кула поради безбедносни причини денес ќе остани затворена за публиката, одлучи претпријатието кое е задолжено за нејзината експлоатација
Нема случајност во изборот на 5 декември за почеток на штрајкот во Франција, имено доколку француските синдикатите решија да го започнат своето движење за мобилизација токму овој четврток, тоа е во знак на „почит“ на победничкиот конфликт од 1995 година против планот Жупе, кога започна заедничкиот штрајк на сите синдикати, по што владата на Жупе попушти
Кинезите и Американците остануваат во „близок контакт“ во обид да дојдат трговски договор, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија
Пирати, близу Нигерија, киднапирале 19 членови на екипаж на танкер, кој превезувал сурова нафта, изјави денеска официјален претставник на бродскиот оператор
Нема планови да се забрани Јутуб во Русија, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев, во годишно интервју со 20 руски телевизиски куќи
Исландската влада ја определи благосостојбата на граѓаните како прва ставка во својот годишен буџет, јавува Би-Би-Си
Франција, Германија и Велика Британија го предупредија Иран дека напорите на земјата да развие балистички ракети кои можат да носат нуклеарно полнење се во спротивност со Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации каде што се бара од Техеран да не презема никаква активност во врска со такви ракети
Соопштението на „Уникредит групација“ за укинување на 8.000 работни места ја надмина бројката од 75.000 отпуштања, што банките ќе ги поделат во текот на следните неколку години
Министерството за надворешни работи на Русија прогласи за персона-нон-грата бугарски дипломат од Амбасадата во Москва