Во првите 10 месеци од годинава словенечката граница илегално ја преминале 14.066 луѓе, што е речиси 72 проценти повеќе од истиот период минатата година, соопшти словенечката полиција
Грчката делегација предводена од заменикот министер за животна средина и енергија, Димитрис Иконому, во знак на протест ја напушти церемонијата за отворање на гасоводот ТАПАП во турскиот град Ипсала поради изјавите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган околу договорот со Либија
Американците на Црн петок годинава потрошиле рекордни 7,4 милијарди американски купувајќи преку Интернет, додека помалку луѓе отишле во продавници
Полицијата во Хонг Конг денеска повторно употреби солзавец за да растера илјадници антивладини демонстранти кои излегоа на улиците на градот
Најмалку 15 лица загинале, а 18 се повредени при превртување на автобус во регионот Трансбајкал, во рускиот далечен исток, соопштија локалните власти
Најмалку 14 лица, меѓу кои и четворица полицајци, загинаа во судир на полицијата со членови на наркобанда во мексиканскиот град Вила Унион
Ирачкиот премиер Адел Абдул-Махди официјално поднесе оставка до Парламентот, а пратениците се очекува денеска да гласаат дали ќе ја прифатат
Најмалку десет лица загинаа, а пет се повредени кога автобус се преврте во регионот Трансбајкал, на рускиот далечен исток
Најмалку две лица досега загинаа во снежното невреме што го погоди САД и предизвика бројни нарушувања во воздушниот и патниот сообраќај
Таканаречената Исламска држава соопшти дека нападот на Лондонскиот мост, во кој загинаа две лица, го извршил еден од нејзините борци, пренесува агенцијата „Амак“ која е поврзана со терористичката организација