Американците на Црн петок годинава потрошиле рекордни 7,4 милијарди американски купувајќи преку Интернет, додека помалку луѓе отишле во продавници.

Сумата се доближи до рекордниот дневен износ од 7,9 милијарди американски долари потрошени на минатогодишниот Кибер понеделник, кој засега го држи дневниот рекорд за онлајн продажба, соопшти „Адоб аналитика“, компанија која мери продажби во 80 од 100 американски онлајн малопродажни трговци.

Кибер понеделник е еден ден по празничниот викенд по Денот на благодарноста, кој традиционално е на четвртиот четврток во ноември.

„Адоб“ очекува продажбата на Интернет утре на Кибер понеделник да надмине уште еден рекорд и да достигне 9,4 милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2019 11:59