Италијанската крајбрежна стража денеска извади седум безживотни тела од Средоземно Море во близина на островот Лампедуза, јужно од Сицилија
При напад на талибанците врз контролен пункт во провинцијата Дајкунди загинаа осум авганистански војници, а четворица се повредени
Околу 2,6 милиони луѓе со право на глас денеска ќе се изјаснат за еден од двајцата кандидати за претседател на Уругвај. Можно е денеска, во вториот круг од претседателските избори, да биде прекинато 15-годишното владеење на левицата и да биде избран кандидатот на десниот центар
Најмалку 23 луѓе загинаа при денешниот пад на мал авион во Демократска Република Конго, соопштија спасувачките служби
Британското обвинителство го обвини и 23-годишниот северен Ирец, Кристофер Кенеди, за смртта на 39-те Виетнамци чии тела минатиот месец беа пронајдени во камион ладилник
Партискиот ривал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пратеникот на конзервативнот Ликус, Гидеон Саар, денеска и официјално побара оддржување итни внатрепартиски избори за нов лидер на партијата, во обид да го смени долгогодишниот неприкосновен Нетанјаху
Италијанските власти, заради лошите временски услови, денеска му дозволија на хуманитарниот брод „Оушн Викинг“, кој со денови плови по Медитеранот, со 213 мигранти да вплови во италијанското пристаниште Месина, јавија италијанските медиуми
Девет цивили се убиени, а петмина други се ранети во воздушни напади на коалициските сили во западната авганистанска провинција Фарах, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на локалните власти
Неколку лица погинаа денеска кога се урна патнички авион со 17 патници и членови на екипажот во градот Гома, на истокот од Демократска Република Конго, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер
Најмалку осум демонстранти се убиени денеска, а повеќе од 120 се поврдени, кога ирачките сили за безбедност отвориле оган за да ги растурат протестите на повеќе мста низ земјата, соопштија извори од полицијата и здравствените служби