Патнички авион денеска принудно слета на аеродромот во Ростов на Дон, на југот од Русија, откако за време на летот му се слошило на копилотот, кој потоа и починал за време на слетувањето, информира регионалната итна служба
Православното христијанство и исламот се темелат на исти вредности, изјави рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето на верската конференција во Киргистан
Папата Франциск денеска во Нагасаки од светските лидери побара да се откажат од нуклеарното оружје и доктрината на застрашување од времето на Студената војна, истакнувајќи дека трупањето нуклеарно оружје ја загрозува безбедноста, државите ги изложува на непотребни трошоци и му се заканува на човештвото
Младата шведска активистка за климата, Грета Тунберг, ќе биде гостин-водител на британското радио Би-Би-Си во текот на божиќните празници
Рекоден број избирачи денеска излегоа на гласање на локалните избори во Хонг Конг, што се гледаат како барометар на поддршката за лидерката Кери Лам, чиј мандат е одбележен со речиси шестмесечни протести, во кои често пати имаше и насилство
Лидерот на палестинската исламска организација Хамас, Исмаил Ханија, денеска оцени дека покренувањето обвинение за корупција против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го крева моралот на палестинскиот народ
Личните податоци на 1,2 милијарда корисници на Интернет се нашле незаштитени на еден сервер до кој можел да пристапи било кој со доволно точна веб адреса
Привремената претседателка на Боливија, Жанин Анес, денеска го одби нацрт законот што го предложија сенатори за амнестија на доскорешниот претседател на земјата Ево Моралес, против кого е отворена истрага за „тероризам“ и „поттикнување бунт“
Предноста на Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон над опозициските лабуристи е зголемена на три недели пред вонредните парламентарни избори, закажани за 12 декември и сега таа е најголема од 2017 година, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мненние на агенцијата Опиниум (Opinium), направена за неделникот „Обзервер“
Боливискиот Сенат усвои предлог закон за оддржување нови претседателски избори во земјата на кои поранешниот претседател Ево Моралес нема да може да учествува