Лидерот на израелскиот сојуз на партии од политичкиот центар „Сино и бело“, Бени Ганц, синоќа на конзервативната партијата Ликуд, на актуелнот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, и предложи формирање Влада на национално единство како обид за излез од политичката криза во земјата, која тој би ја предводел
Благодарение на грешките во Вашингтон, Иран ги надмина САД во борбата за влијание во Ирак и се инфилтрира во тамошните државни структури во толкава мера што и функцијата ирачки премиер ја држи лице кое има „специјални врски“ со Техеран
Повеќе од 4,13 милиони гласачи во Хонг Конг денеска излегуваат на локалните избори, што ќе биде прва демократска проверка на расположението на граѓаните по петмесечните протести низ градот, што почнаа уште во јуни
НАТО засега не е заинтересиран за прием на Украина во своите редови, бидејќи не сака да влегува во директен судир со Русија, изјави советникот на америкнскиот претседател за национална безбедност Роберт О’Браен
Во Романија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат актуелниот претседател Клаус Јоханис и поранешната премиерка Виорица Данчила
Најголемиот хеџ-фонд во светот „Бриџватер ашосиејтед“, основан од американскиот милијардер Реј Далио, типувал на пад на берзите во САД и во Европа и на светска берзанска криза до март 2020 година, тврди весникот „Волстрит џорнал“
Акциите на компанијата „Тесла“, вчера пред затворање на берзите поефтинија за шест отсто, откако претходно беше претставено новото теренско електрично возило „Сајбертрак“, јави „Форбс“
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја повика владеачката партија „Единствена Русија“ да ја преземе својата одговорност и „да одговори на проблемите на луѓето“ за повторно да стане „машина која победува“
Бидејќи тензиите меѓу САД и Кина не се намалуваат се почесто може да се слушнат гласини за трка за вооружување меѓу двете земји на полето на вештачката интелигенција, а коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, неодамна кажа дека не може да сфати како разграничувањето или ограничувањето на научните истражувања би можело воошто да функционира
Официјален Лондон не одговори на писмото на Европската комисија во кое беше повикан да го номинира својот кандидат за комесар во рокот до ноќеска на полноќ