Членови на Гринпис маршираа со огромна буква „Ц“ од влезот во седиштето на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел, во знак на протест против политиката на партијата за климатски промени
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран е толку нестабилен што тамошната Влада го блокирала пристапот до Интернет, со цел Иранците да не можат да слушнат што зборува тој, коментирајќи го како „ужасно насилство“
Франција за првпат од почетокот на мигрантската криза во 2015 година ја надмина Германија и стана прва европска земја за барателите на азил, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва го отфрли обвинението за корупција и го опиша како „обид за преврат“ против него
Турција треба да се „ослободи“ од рускиот ракетен одбранбен систем С-400 што го купи, изјави висок функционер на американскиот Стејт департмент
Поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес, но ниту и потпретседателот Алваро Гарсија Линера нема да бидат кандидати за нивната партија Социјалистичко движење на следните избори, изјави високиот партиски функционер Хенри Кабрера
Вкупно 16 мигранти се пронајдени во заклучена приколка на траект што пловел од Франција кон Ирска
Израелски обвинител денеска официјално поднесе обвинение за корупција против премиерот Бенјамин Нетанјаху
Руската Дума усвои предлог закон кој на Владата и дава право да ги регистрира блогерите, новинарите и корисниците на социјалните медиуми како странски агенти
Неидентификувано лице е уапсено во обид да влезе со автомобил во кругот на Белата куќа следејќи возило на кое му е дозволен пристап, соопшти денеска Тајната служба, елитна единица задолжена за безбедноста на американските претседатели