Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара ќе почне нова воена операција во североисточна Сирија, доколку областа не се „исчисти “ од терористи.
Демонстрантите во јужниот дел на Ирак ги блокираа патиштата што водат до главното пристаниште, додека Централната банка го намали работното време поради протестите.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео планира да објави дека САД го омекнуваат ставот за изградба на израелски населби во окупираниот Западен Брег, јавија американските медиуми.
Четворица индиски војници и двајца цивили денеска загинаа во лавина на глечерот Сијачен на источниот крак на Хималаите на надморска височина од 5.700 метри, а осум лица останале заробени, соопшти индиското Министерство за одбрана.
Жителите на неколку боливиски градови пријавиле дека имаат недостиг од храна и бензин заради протестите на приврзаниците на соборениот претседател Ево Моралес.
Кина предупреди дека нема мирно да гледа како протестите во Хонг Конг се развиваат во „ситуација која не може да се контролира“, додека десетици демонстранти кои избегаа од полицијата во зградата на универзитетот, успеаја да избегаат.
Владетелот на Кувајт, емирот Сабах ал-Ахмад ал-Сабах, денеска го разреши неговиот син и уште еден министер во владата по нивните јавни меѓусебни обвинувања за корупција и му нареди на премиерот да состави нова влада.
Уште еден вооружен напад со смртни последици денеска е регистриран во САД, овојпат во супермаркет во мало гратче во сојузната држава Оклахома.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно се спротивстави на евентуалното формирање нова малцинска влада која би била поддржана од „Заедничката листа“.
Членовите на јеменската, меѓународно призната, Влада се вратија во со војна разурнатата земја, првпат откако сепаратистите ги избркаа од главниот град во текот на судирите од ланското лето