Питер Омцигт (Холандија, ЕПП/ДХ), известувач на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за „Несреќата на полскиот авион Ту-154М што ја носеше делегацијата на полската држава на 10 април 2010 година на територијата на Руската Федерација“, ја повика Русија да и ги врати на Полскам без дополнително одложување остатоците од рушењето на авионот на полскиот претседател, јави дописникот на МИА.
Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во резолуцијата донесена денеска бара независност и заеднички стандарди за институциите Народен правобранител, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Студено време низ северна Европа се очекува во октомври и ноември, а температурите повторно ќе се искачат над вообичаените за тој период од годината во декември, соопшти денеска американскиот сервис Ведр компани (Weather Company).
Британскиот премиер Борис Џонсон повторно ќе ја суспендира работата на Парламентот на 8 октомври, јави денеска Скај њуз, повикувајќи се на неименувани извори.
Велика Британија го испрати својот предлог за брегзит до лидерите на Европската унија, а премиерот Борис Џонсон повика на брзи преговори за постигнување решение.
Европската унија ги одобри подготвителните мерки за Брегзит за да го ублажи финансискиот удар врз работниците во другите земји во европскиот блок, доколку Велика Британија замине без договор.
Петмина вработени во Ватикан, вклучително и вториот по ранг во ватиканската Управа за финансиски информации, се суспендирани по полициски претрес, објави денеска италијанскиот весник „Еспресо“.
Белгискиот неделник МО опширно ги анализира предлозите за еврокомесари од Унгарија и Романија, посочувајќи дека според интервјуираните експерти неприфатливо е предлог на унгарската влада да биде задолжен за ресорот проширување во идниот состав на Европската Комисија.
Ураганот Лоренцо денеска стигна Азорските острови каде донесе обилен дожд, силен ветер и големи бранови.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека САД сакаат да бидат партнери со Италија, но не по цена на нејзината национална безбедност ако постои ризик во однос на позицијата на Рим кон кинеската технологија за развој на 5 Г мрежата.