Кенија, Етиопија, Судан и Гвинеја пријавија денеска први случаи на коронавирус, со што бројот во африканските земји, каде што се појави Ковид-19, се зголеми на 18 лица.
Москва планира да изгради медицински центар за да спречи ширење на пандемијата на коронавирус, по примерот на Кина која во Вухан изгради болница со 1000 легла за 10 дена..
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 139.637 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив, починати се 5.120, а оздравеле 70.733.
Американскиот министер за финансии, Стивен Мнучин, изјави дека поради нестабилноста околу коронавирусот, американската економија ќе се врати во добра кондиција дури при крајот на 2020 година.
Тој потенцираше дека на украинските граѓани кои живеат во странство ќе им биде дозволено да се вратат дома.
Претседателот на САД, Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во земјата поради ширењето на новиот коронавирус.
Португалија прогласи вонредна состојба на цела територија, со траење до 9 април 2020 година, со цел да го спречи ширењето на новиот коронавирус.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е позитивен на новиот коронавирус, објавија западните медиуми.
Владата на Шпанија денеска ќе прогласи вонредна состојба поради пандемијата на коронавирусот. Секој момент се очекува вонредно обраќање на премиерот Педро Санчез
Земјите од југоисточна Азија ги откажуваат или ограничуваат прославите за будистичка Нова година, закажани за во април, поради пандемијата од новиот коронавирус