Францускиот премиер Едуар Филип, во интервју за телевизијата ТФ1, соопшти дека собирите со повеќе од 100 луѓе се забранети
Словенечките здравствени власти објавија дека само од синоќа до сега се потврдени 44 нови случаеви на коронавирус
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот претставува „тест за луѓето и економијата“ и оцени дека ЕУ ќе издржи таков „шок“ под услов да е „одлучна, координирана и обединета“
Иранските безбедносни сили ќе ги испразнат градските улици во следните 24 часа во обид да го спречат ширењето на новиот коронарнавирус, јави новинската агенција ИРНА
Падот на побарувачката за воздушен сообраќај во САД е најголем од 11 септември 2001 година
Министерот за економија на Германија, Петер Алтмаер не исклучи времено национализирање на определени компании ако тоа е единствен начин за поддршка во ситуација на пад на меѓународните синџири за испорака
Министерството за здравство на Кипар, утрово соопшти дека се потврдени четири нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени, изнесува 14
Соочена со епидемијата на коронавирус, француската Влада одлучи да не ги одложува општинските избори од 15 и 22 март. Но, за да се обезбеди непречено одвивање и да се избегне големо неизлегување што веројатно ќе биде важно заради загриженоста на населението, преземени се соодветни мерки за да се уверат гласачите дека е направено сé за да се олесни гласањето
„Дете умира на секои 10 часа како резултат на војната во Сирија, соопшти денеска УНИЦЕФ и поднесе официјално барање за помош на сириските деца
Вршителот на должноста романски премиер Лудовик Орбан денеска соопшти дека заминува во самоизолација бидејќи бил во контакт со сенаторот Вергил Читаку, кој бил позитивен на коронавирус