Русија и Украина ги усогласија конечните детали од договорот за продолжување на испораките на рускиот гас низ украинската територија на европските пазари, соопштија денеска официјални лица на двете држави
Американскиот државен секретар Мајк Помпео се заблагодари на Босна и Херцеговина што прифати враќање на 25 нејзини државјани од Сирија, меѓу кои и седуммина осомничени членови на Исламска држава
Во централна Сирија се извршени речиси истовремени напади врз три државни постројки за нафта и гас, соопшти денеска Министерството за нафта
Најмалку 18 затвореници се убиени, а 16 повредени во тепачки меѓу ривалски банди во затвор во Хондурас, соопштија властите
Во делови на Австралија, поради екстремните температури, објавени се итни предупредувања за пожари во Нов Јужен Велс, поголемите делови на Сиднеј, Викторија и Јужна Австралија
Либанските безбедносни сили фрлија солзавец за да ги растераат демонстрантите во центарот на Бејрут, кои протестираа во врска со именувањето нов премиер, поддржан од шиитското движење Хезболах
Русија и Кина во Советот за безбедност на Обединетите нации ставија вето на предлог резолуцијата со која се предвидува достава на хуманитарна помош од Турција и Ирак во Сирија
Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша пакетот буџетски закони за 2020 година, вреден 1,4 билиони долари за да спречи блокада на Владата, изјави портпаролката на Белата куќа, Џуд Дир
Евангелиската заедница во САД, една од клучните христијански групи во земјата, преку своето гласило „Христијанство денес“, повика на отстранување на претседателот Доналд Трамп од власт поради „неморалност“
Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифати поканата на спикерот на Претставничкиот дом да се обрати на Конгресот на 4 фебруари 2020 година