Британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател денеска го намали нивото на опасност од тероризам од сериозно на значително.
Владата на Велика Британија блокира најмалку за еден месец објавување на парламентарен извештај за закана од Русија за британската демократија и можно мешање во парламентарните избори во декември, пишува „Гардијан“.
Украина најави дека ќе го одложи новото повлекување од линијата на судири со проруските сепаратисти во Доњецк заради прекршување на примирјето
Последното истражување на Њујорк Тајмс за злоупотребите со европските земјоделски фондови во земји од источна Европа денеска не предизвика конкретни одговори од Европската комисија
Полицијата во Хонг Кон уапси 48-годишен маж, кој за време на протест, со нож повреди две лица, а на локален политичар му одгриза дел од увото
Пирати, крај брегот на Того, нападнаа грчки танкер со нафта и грабнаа четворица членови на екипажот, соопшти западноафриканската морнарица
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадес вети дека ќе ги укине сите пасоши што „по грешка“ им биле доделени на богати инвеститори, за кои е откриено дека сториле кривични дела
Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов предупреди дека сегашната тензија меѓу Русија и Западот го доведува цел свет во „колосална опасност“ од можен нуклеарен судир и повика на уништување на нуклеарното оружје
Двајца индонезиски новинари, кои пишувале и посредувале за спор за земја меѓу компанија за палмино масло и локални жители, биле пронајдени мртви со мноштво убодни рани во близина на една плантажа на Суматра, пренесе БГНЕС
Турција по првпат успешно истрела домошнопроизведена противбродска ракета АТМАКА од брод, произведен во таа земја, соопшти турското Претседателство на одбранбената индустрија (ССБ)