Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов предупреди дека сегашната тензија меѓу Русија и Западот го доведува цел свет во „колосална опасност“ од можен нуклеарен судир и повика на уништување на нуклеарното оружје.

– Се додека постои оружје за масовно уништување, како што е нуклеарното, опасноста за цел све е колосална. Сите нации би требало да повикаат на уништување на нуклеарното оружје. Тоа е нешто што мораме да го направиме ако сакаме да го спасиме човештвото и пленатета, изјави Горбачов во интервју за Би Би Си.

На прашањето дали напнатоста меѓу Русија и Западот потсетува на времето на Студената војна, Горбачов рече дека станува збор за „про-студена војна“.

Последниот советски лидер ја освои Нобеловата награда за мир во 1990 година за историскиот договор со тогашниот американски претседател Роналд Реган за намалување на нуклеарното оружје, од кој Доналд Трамп се повлече оваа година.

Одлуката на Горбачов да не ја испраќа Советската армија во Источна Германија кога „падна“ Берлинскиот ѕид пред 30 години, се смета за клучна за одржување на мирот за време на Студената војна.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2019 18:00