Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера смени осум министри, со цел да ја смири најголемата криза од 1990 година, кога земјата повторно стана демократска.
Властите во седум европски земји разоткрија меѓународна организирана криминална група вклучена во нелегална трговија со цигари, соопшти денеска Европол.
Рударите од два јагленокопа – Паросени и Урикани денеска почнаа протест, а сто од нив се затворија под земја и се заканија дека ќе почнат штрајк со глад. Протестот е поради најавата за затворање на рудниците на почетокот од следната година.
Водачите на исламскиот екстремист Хамас, кои владеат во Појасот Газа, објавија дека се подготвени да се одржат палестински избори.
Британскиот премиер Борис Џонсон прифати тримесечно одложување на Брегзит, но наведе дека тоа го прави против своја волја.
Британскиот Парламент вечерва го одби предлогот на премиерот Борис Џонсон на 12 декември да се одржат предвремени избори.
Владимир Буковски, истакнат дисидент и руски борец за човекови права, почина на 77-годишна возраст, во болница во Кембриџ.
Московскиот арбитражен суд им наложи денеска на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и на неговите соработници да и платат 1,4 милиони долари отштета на фирмата која им доставува храна на московските училишта.
Напаѓачот кој сериозно повреди две лица стрелајќи со огнено оружје пред џамијата во Бајон (Атлантски Пиринеји), а претходно се обидел да ја запали вратата на верскиот објект, е уапсен во неговиот дом во Ланд, јави дописникот на МИА.
Во Полска е уапсено едно лице за кое постои сомнеж дека се занимавало со шпионажа во корист на Москва, изјави портпаролот на полската полициска специјална служба Станислав Зарин.