Бројот на милионери се зголеми за 1,1 милион оваа година, при што богатите Кинези првпат се побројни од богатите Американци, покажуваат податоците од најновата студија на швајцарската банка Кредит Свис
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во оваа американска држава затоа што пожарите и екстремните временски услови принудија речиси 200.000 луѓе да ги напуштат своите домови
Курдската милиција во Сирија, Единиците за народна заштита, денеска соопшти дека во заедничка акција на американските и силите предводени од Курдите на северот на Сирија бил убиен и портпаролот на лидерот на Исламска држава, Абу ал-Хасан ал Мухаџир
Авганистанските власти, по неколку одложувања, соопштија дека резултатите од претседателските избори одржани кинатиот месец, ќе бидат објавени на 14 ноември
Левоцентристичкиот кандидат Алберто Фернандез убедливо победи на претседателските избори во Аргентина, јави ДПА
Земјите-членки на ЕУ се надеваат дека денеска ќе постигнат договор за одложување на Брегзит до 31 јануари, а поран излез би бил можен ако британскиот Парламент го ратификува договорот со Унијата
Британскиот парламент денеска треба да се изјасни за предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување вонредни избори
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека смртта на водачот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади е пресврт во заедничката борба против тероризмот
Иранскиот министер за информатичка и комуникациска технологија Мохамед Џавад Азари Џароми изјави денеска дека убиството на водачот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади не е голема работа
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека убиството на лидерот на ИД Абу Бакр ел Багдади дека е важен момент во борбата против тероризмот, но дека битката против злото на Исламската држава не е готова