Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл поздравувајќи го договорот постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас истакнува дека се отвара патот за членство на Македонија (Република Северна Македонија) во ЕУ и НАТО.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го поздрави договорот за спорот со името постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и повика тој да се финализира.
ЕУ ги охрабри и поддржи овие преговори од самиот почеток. Сега ќе ги придружиме во следните чекори си сите средства и во истиот дух на дијалог за нашата заедничка европска иднина, соопшти Могерини.
Претседателот на Европскиот совет Доланд Туск им честиташе на „Твитер“ на премиерите на Македонија и на Грција за постигнатиот договор.
Атина и Скопје постигнаа договор за името „Република Северна Македонија“, ја пренесуваат западните медиуми со назнака „breaking news“ веста дека премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се согласиле за решение на спорот кој повеќе од две децении ги нарушуваше односите меѓу двете земји.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска ја повика меѓународната заедница да пружи поддршка за спроведување на договорот за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, што го постигнаа денеска американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Европската Комисија денеска предложи значително зголемување на буџетот на ЕУ за миграцијата и за управување со границите за следниот финансиски период.
САД на 8 мај годинава се повлекоа од овој мултилатерален договор, одобрен со резолуција на Советот за безбедност на ОН, и ги возобновија санкциите кон Техеран и кон компаниите што соработуваат со Иран, предизвикувајќи гнев и загриженост во Европската Унија.
Американскиот претседател Доналд Трамп на денешната историска средба во Сингапур со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на својот соговорник му презентирал видео за потенијалната благосостојба и мирен развој на Северна Кореја.
Турските сили ќе останат во северен Ирак се додека од таму не бидат „отстранети“ сите терористички групи, изјави денеска министерот за одбрана на Турција, Нуретин Џаникли.