Европа преживеа ужасна година, но помалку или повеќе остана незасегната, објави „Политико“.
Дури 66 проценти од Русите жалат поради распадот на Советскиот Сојуз, покажува анкетата на јавното мислење на рускиот центар „Левада“.
Предградие на Сиетл, во американската сојузна држава Вашингтон, го погоди торнадо кое уништило неколку куќи и откорнало повеќе дрва.
Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид најави дека по истапувањето од ЕУ, Велика Британија ќе воведе нов имиграциски систем, чија задача ќе биде да ја сведе имиграцијата во земјата на „одржливо ниво“.
Кинескиот претседател Си Џининг на синоќешното одбележување на 40-годишнината од големите економски реформи, што ја драстично ја променија земјата, истакна дека Кина не сака да биде глобално доминантна, но оти никој нема да и диктира што да прави.
Велика Британија во текот на следната година, по напуштањето на ЕУ, би можела да падне од петтото на седмото место на листата на најголеми светски економии, прогнозираат експертите на консултантската фирма „Прајсвотерхаус Куперс“ (ПвЦ).
Невада стана првата американска држава, во чие законодавно собрание има повеќе жени од мажи.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон и секретарот за одбрана Џим Матис, ја преиспитуваат улогата на САД во мировните мисии на Обединетите нации во Африка, со цел да ги лоцираат американските сили и ресурси на други места.
Фулбрајтовата асоцијација со седиште во Вашингтон соопшти дека овогодишен добитник на наградата за меѓународно разбирање е германската канцеларка Ангела Меркел.
Претседателот на Одборот за надворешни работи на Горниот дом на рускиот Парламент, Константин Косачeв предложи да промена на Руската воена доктрина.